КАКО ЛИ САМО МУ ГО НАЧУКАА – БУГАРИТЕ ГО ЗАОКРУЖИЈА ТОКМАКОТ КАКО ШТО СЕ КРУЖИ НА КРУЖЕН ТЕК : Бојко и Захариева ги откажаа средбите со Иванов кој два дена ќе се шета како изгубена честитка низ Софија!

0
1541

Бугарските медиуми информираат дека премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја откажал средбата со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија со сопругата Маја Иванов, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв.

Како што информира бугарскиот портал „24 часа“причината за откажување на двете средби (со Борисов и Захариева н.з.) е апсолутно арогантното поведение на Иванов да ја прекине по две минути средбата со Заев и Димитров.

Бугарските медиуми пишуваат дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција.

Средбите на бугарскиот премиер Бојко Борисов и бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој е во официјална посета на Софија, се откажани, соопшти прес-службата на Владата на Бугарија.

– Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на нашиот сосед. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Македонија. Бугарската Влада не гледа причина да биде искористена за внатрешно-политички дебати во Скопје. Клучно за идниот развој на нашата соседна држава е интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа да не се доведува во прашање, се наведува во соопштението од Владата на Бугарија.
Претседателот Иванов од денеска е во дводневна официјална посета на Бугарија. Според најавите од неговиот кабинет, освен со неговиот домаќин бугарскиот претседател Румен Радев, во Софија требаше да има средби и со Борисов и Захариева.