ЗОРАН ДАМЈАНОВСКИ ЦИЦ : ПОГРЕШНИТЕ ОДЛУКИ НА ЗАЕВ РЕЗУЛТИРАА СО ОВОЈ КАТАСТРОФАЛЕН ИЗБОРЕН ПОРАЗ

0
309

Во денешното издание на поткатстот „Политиканти“, поранешниот кумановски градоначалник, доктор-гинеколог, кумановска легенда Зоран Дамјановски – Циц со Сашо Орданоски поразговараа за некои подзаборавени теми, но и се слушна мислењето на „градоначалничката легенда“ за актуелните случувања.

Како се случи Циц преку Фејсбук да дознае дека не е кандидат за градоначалник иако Заев во разговор му рекол дека нему му е фаворит? Зошто Циц беше тргнат на страна и дали улога во тоа има неговото пријателство со Бранко Црвенковски? Дали таа одлука на Заев во 2017 година ги чинеше СДСМ победа на изборите во 2024? Како дојде од локално недоразбирање, СДСМ да се распадне во Куманово со партијата на Максим Димитриевски?

Ако Куманово му даде идеја на Заев за „Едно општество за сите“, како проектот успеа да трае толку кратко? Како Максо успеа да изгуби третина гласови меѓу два изборни круга, а нив да ги добие ВМРО-ДПМНЕ? Зошто Циц смета дека овој изборен резултат од 2024 значи газење на политичкото достоинство на СДСМ што ќе има далекусежни последици?

– Мешаница пред гол не е увек гол, вели Циц за многубројните кандидати за иден претседател на СДСМ и додава дека сега како никогаш досега немало ваква неизвесност за највисоката партиска функција. Во таа мешаница се споменува и името на поранешниот претседател и на партијата и на државата Бранко Црвенковски? Има ли тој амбиција пак да се врати на чело на СДСМ? Каков лидер му треба да СДСМ, според Циц? Колко је тачно тој дека кумановци направисва зијан за партију и одсад па надаље можев да се сметав за отписани за функцију?

Дали ваквата значителна победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сопре евроинтеграциите или ќе биде притиснат да го реши проблемот со Бугарија по европските избори? Циц вели дека придобивки од економија и правна држава може да има по 2-3 години, но битно е да не се „лизнеме“ на клучното прашање – напредокот кон ЕУ.За меѓуетничките односи Циц вели дека нема шанси да има конфликт, ама може да има уличен криминал, додека на ДУИ им порачува дека треба да се помират со тоа дека нема да бидат власт.

Ќе се изненади ли Циц ако Мицкоски му понуди на СДСМ да влезе во владата? Што мисли Циц за Мицкоски и каква политичка иднина му предвидува? А се гледа ли себеси како иден кандидат за градоначалник на Куманово?Одговорите на овие прашања слушнете ги во денешното издание на „Политиканти“.