КОВАЧЕВСКИ ОД ПАРЛАМЕНТОТ : ЧЕКОРИТЕ ШТО ГИ ПРАВИМЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И ДРЖАВАТА

0
385

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на денешната седница во Собранието на Република Северна Македонија по предлогот за именување нови заменици на министри.Премиерот Ковачевски рече дека сите чекори што ги прават тој и Владата се и ќе бидат во функција на напредокот на државата и на добрата иднина на граѓаните и апелираше на совесно носење зрели одлуки во Парламентот, во насока на европските перспективи.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Димитар Ковачевски во Собранието на Република Северна Македонија:

„Со предлогот што го доставив до Собранието на Република Северна Македонија, за именувања заменици на министри во Владата, ќе се заокружи реконструкцијата на Владата, којашто ќе продолжи уште поефикасно да ги спроведува реформите во интерес на граѓаните, по трасираниот, европски пат.Благодарам на прогресивното парламентарно мнозинство за поддршката, со што се потврди дека во овој состав на Собранието на Република Северна Македонија – има доминантно мнозински прогресивен капацитет, со потенцијал ваквото мнозинство да расте.