КОЈ ЈА ФИНАНСИРА ЖЕСТОКАТА МЕДИСКА ХАЈКА ПРОТИВ ДЕН ДОНЧЕВ?!

0
945

Ден Дончев е храбар човек, без двоумење згазна на неколку опашки на големи змии анаконди во земјава и затоа сега е изложен на жесток безмилосен напад иако сите знаат дека човекот е чист како солза за случаите кои му ги теретат и плус знаат дека човекот има семејни здравстени проблеми со едно од своите дечиња.

Но сепак, бесот на АНАКОНДИТЕ е толку голем што новинарите кои го черечат Дончев овој период преминуваат не само преку новинарските стандарди туку и преку човечките општо цивилизациски црвени линии, едноставно БЕСОТ НА АНАКОНДИТЕ Е ОГРОМЕН ЗАТОА ШТО ДЕН ДОНЧЕВ ИМ НАНЕСЕ ОГРОМНА ФИНАНСИСКА ШТЕТА СО ТОА ШТО ИМ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ ЗА ПЉАЧКАЊЕ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО!!!

Кои се тие АНАКОНДИ?! Прво еден голем ланец на аптеки во земјава кој бил милениче на ВМРО ДПМНЕ и со години бил привилегиран на пазарот па затоа имал квоти кои се дури и за 1 до 2 милиона евра годишно поголеми од квотите на другите ланци на аптеки во земјава?!?!?!?

Но најголема АНАКОНДА се заробените 12 милиона евра во Монако од продажбата на Дијаверум, пари кои се јавна тајна на Мијалков и Груевски, па токму поради овие пари, Ден Дончев е масакриран со новинарски нарачан отстрел!!!

Па му измислуваат разни ГЕЈТОВИ затоа што земал хонорар од фирма чиј консултант бил, инаку фирмата е на зетот за сестра и вработува 50 луѓе низ цел свет!

Па му измислуваат дека сторил кривично дело со тоа што сакал да го зачува рејтингот и реномето на земјата со тоа што укажал на странски инвеститори дека фирмата во која сакаат да влезат е толку навлезена во криминал што ќе остане најверојатно без лиценца па треба да внимаваат…

Па му се забележуваше зошто воопшто се мешал и пријавувал во ОЈО за криминално добиена лиценца на штета на фондот за здравство, требало да си брка работа?!?! Па тоа му е работа, човекот е директор на фондот и работа му е да се грижи за народните пари и имот!

Притоа не се ни споменува дека човекот воведе вистинска револуција во земјава со тоа што во аптеките веќе нема квоти за лекови на рецепт па нема ни гужви нити трупање на резерви?!?!

Исто така се воведе и електронски рецепт, револуција во домашната здравствена заштита.

Да не зборуваме за растот на платите на лекарите што е исто така благодарение на фондот!

Со еден збор, Ден Дончев е жртва на својата вредна чиста работа и пожртвуваност, со што нанесе огромни штети на домашната фармацевстска и медицинска мафија па сега тие преку разни ДАГАУ СУЕТНИ НОВИНАРСКИ КОПИЛИЊА му прават неверојатен линч и хајка каква не сме виделе од времето на Груејовизмот и нивните медиски отстрели од пред 5-10 години!