ПРИ КРАЈ Е ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗВЕДБА НА ПРВАТА ФАЗА ЗА БРТ, ШИЛЕГОВ: ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ И НОВ МОСТ СО ТРИ ЛЕНТИ “ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ” НА МЕСТОТО НА ПОСТОЈНИОТ

0
640

“Во крајна фаза е изработката на тендерската документација за распишување на тендер за изведба на прва фаза за Бас рапид транзит (BRT)” – изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Се работи за комплексен проект без импровизации.

До 15-ти септември треба да се распише јавен повик за првата фаза на изведба.

“Многу е важно и тоа што на самата траса најкритичната точка е мостот “Обединети Нации”. Мојата одлука како градоначалник на овој град е да извршиме замена на мостот “Обединети нации” што значи ќе треба тој мост фаза по фаза да се отстрани и да се изгради нов со три ленти како би можел коридорот на Бас рапид транзит да влезе во полн капацитет до Ѓорче Петров” – рече тој.