ЗАГИНА МЛАД ГРАДЕЖЕН РАБОТНИК ВО ЦЕНТАР

0
379
Млад градежен работник загина за време на изградба на станбен објект позади Универзална сала, пренесе Канал 5.Работникот загинал утрово при пад додека работел, а во Градската болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен без знаци на живот.

На местото на трагичиот настан беа видливи знаците на несреќата, а работничкото палто, расрлени ракавици и заштитните шлемови се само неми сведоци. Веднаш откако 25 годишникот паднал на главата, бил пренесен во болница, од каде само констатирале смрт.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека увидот на местото на несреќата завршил, по кој ќе се знаат причините за смртта на работникот.м Според последните информации од Државниот инспекторат за труд, лани на работно место загинале 17работници, додека пак во 2022 година загинале пет помалку, односно 12 лица