ТРЕНЧЕВСКА : РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ МОЖЕ САМО ДА ПРИДОНЕСЕ КОН ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ НА МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ВО СИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ СФЕРИ

0
368

Тренчевска на Топ Тема во однос на предлог Законот за родова еднаквост истакна дека јавна расправа по креирањето на финалната верзија на текстот секако дека ќе има. Министерството останува да биде транспарентна институција која ќе креира закони кои ќе одговараат на сите во општеството со особен фокус на ранливите категории на граѓани.

“30 години сум вклучена во унапредувањето на родовата еднаквост, во промената, во гледањето и поимањето на жената во општеството. Младите немаат време за чекање, не го унапредуваме прашањето за родовата еднаквост за ЕУ, го правиме за да ги задржиме младите тука. Не може млад човек кој е воспитан во духот на демократијата, во духот на недискриминацијата, во духот на почитувањето на човековите права да го враќаме назад, да ускратуваме права на жени. Без разлика дали тоа е на жена од рурални средини, млада жена, жена од урбани средини, на жена пензионерка“ истакна Тренчевска.

Таа истакна дека особено разочаруваат општините кои биле лидери во делот на родовата еднаквост и ги бришат термините кои ја гарантираа родовата еднаквост, посочувајќи дека тоа е делот каде се забележува движењето на анти-родовите движења кои се случуваат на територијата на цела Европа.

„Првичниот текст се работеше транспарентно, текстот не им сметаше на никој. Во одреден момент се појавија граѓански организации, крајно десно конзервативни кој што низ призмата на друга идеологија и со мешање на Законот за матична евиденција кај што е правното признавање на родот со Законот за родова еднаквост во јавноста се направи да терминот родова еднаквост  биде перцепиран како ѓаволска работа“ рече Тренчевска.

Таа објасни дека целта на овој закон е само унапредување на родовата еднаквост.