МУЦУНСКИ : ЗА МЕНЕ НЕ Е ПРО – ЕУ ФРОНТ КОЈ ШТО НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ ИДНИНА НА ГРАЃАНИТЕ, СИТЕ АНКЕТИ ПОКАЖУВААТ ГОЛЕМО НЕЗАДОВОЛСТВО ОД ВЛАСТА, ЌЕ ПОНУДИМЕ НАДЕЖ ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
196
За мене не може да биде про-ЕУ фронт, фронт кој што не може да обезбеди пасоши за своите граѓани, фронт во кој се случи скандалот Онкологија, фронт кој што не може да обезбеди пристојни пензии, фронт во кој што имате секојдневна криза во образовниот систем, Не е тоа Европа. Барем не е тоа Европа која јас ја познавам, може они познаваат некоја друга Европа, но јас таа која што јас ја знам е Европа која нуди решенија за граѓаните, вели Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
 
Муцунски истакна дека сите анкети покажуваат максимално незадоволни на граѓаните од политичкото дејствување на власта, но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж.
 
Во однос на политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овие прашања мислам дека политичката мантра која што имаме обврска да ја наметнеме во следниот период е дека не треба да чекаме СДСМ да ги загуби изборите. Ние имаме обрска да победиме на следните парламентарни изборите. И го гледаме тоа по анкетите каде што граѓаните се максимално незадоволни по однос на политичкото дејствување на власта но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж. Таа надеж е суштинско политичко решавање на овие предизвици, смета тој.
 
Имаме обврска да бидеме кредибилна членка на НАТО, да бидеме кредибилен партнер во однос на надворешната политика и безбедносната политики. Но имаме обврска да понудиме и европска иднина на нашите граѓани, дециден е Муцунски.