Ване Цветанов : Почитувана обвинителке, како да ви веруваме кога во тимот на јавни обвинители земавте монструм?!

0
1541

vane.cvetanov

Дадовте заклетва за почитување на законите.
Лиле Стефанова многу пати ги скрши законите со тоа што слугуваше на тимот од МВР кој монтираше процеси и затвараше невини луѓе.
Со потпис на Лиле се апсеа невини луѓе. Со потпис на Лиле се притворија многу невини луѓе.
Лиле БЕЗ ДОКАЗИ, напиша обвинителни акти! Без докази зацрни судбини на многу луѓе.
Како последица на теророт и обелоденување на Вистината за Македонија, се случија протести. На 17-ти мај граѓаните бараа ПРАВДА!
Како последица на протестите пред влада и заради нефункционирање на правниот систем заради криминални интереси на власта, легализирани од некои обвинители и судии, се случи договорот од пржино.
Како резултат од тој договор, Вие конкуриравте и бевте избрана за Специјален Обвинител. Ви верувавме, со надеж дека ќе ја спасите Македонија.
Во материјалите кај вас има разговори на Лиле кои докажуваат како слугува на оние кои местат невини луѓе.
Лиле е во категоријата на ОСОМНИЧЕНИ.
Нели е судир на интерес, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОСТОР ДА БИДЕ ОБВИНИТЕЛ?
Ве молам одговорете како да Ви веруваме дека ќе работите законски и правично, кога во тимот земавте монструм, како?

Ване Цветанов, екс директор на Агенцијата за спречување на перење на пари