Николовски : Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам

0
781

Третиот пакет мерки донесен од Владата предводена од #СДСМ вклучува ваучер за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи.

Граѓаните ќе можат да се одморат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме домашниот туризам. Ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги.