АРСОВСКИ : ПО ПОСЕТАТА НА О’БРАЈАН ЌЕ СЕ РАЗЈАСНАТ И КОАЛИЦИИТЕ И МОЖНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ

0
299

Арсовски во емисијата Студио 10 на ТВ 24 порача дека по посетата на високиот американски претставник ќе станат јасни доста работи околу коалициите и можните претседателски кандидати.

– Од посетата на О’Брајан очекувам сериозен политички притисок за одблокирање на преговорите со ЕУ, затоа што за САД стратешка цел е членство во ЕУ, и на Македонија и на целиот Балкан. Исто така, очекувам дека ќе се направи обид за формирање на тој европски блок кој во моментов не е формиран и по таа посета многу работи ќе бидат појасни и ќе имаме една почиста политичка слика и околу можните претседателски кандидати, околу можните коалиции за парламентарните избори и така натаму, порача Арсовски.Арсовски на изборите очекува јасна поделба на два блока, едниот кој ќе биде за продолжување на европските интеграции и втор блок кој ќе се спротивставува на тоа.