ЖЕСТОКА ВЕРБАЛНА ВОЈНА ВО СТУДИОТО НА КАНАЛ 5 – НИКОЛОВСКИ ДО НИКОВСКИ : ДОСАДНИ СТЕ ВЕЌЕ!

0
659

Македонскиот народ е загрозен и нападнат, рече дипломатот од кариера, Ристо Никовски, во вечерашната дебата во Само анализа. Иако тема на дебатата беа најавените уставни измени, соговорниците се скараа околу меѓуетничките односи.
Според Никовски, на македонското општество му се случува албанизација. Ова тврдење го поткрепи со фактот дека во Кичевсо се славела албанизација, дека Тетово е прогласен за албански гради и дека на отворање на училиште се пее албанска химна.

Новинарот, Љубиша Николовски, на ова рече дека такви изблици има и кај Македонците и кај Албанците.

-И пред 2001 година имало анимозитет, но во овој момент односите се релаксирачки. Доста, да не се враќаме на секој поединечен случај, до која година постојано ќе не враќате. Па досадни сте веќе, здосадено ми е да слушам за Охридскиот договор, за Преспанскиот договор. Негирате се што е направено во оваа држава, сакате се да се избрише, да се искине. Како што зборите најдобро да се вратиме во бивша Југославија. Оваа држава има независност, плурализам, градиме некоја самостојност – рече Николовски.

На што Никовски рече дека е недозволено спикерот да оди во Стразбур и да зборува на албански јазик. Според него албанските партии во државава формираат втора влада.

-Да ве вратам десет години наназад кога се прозборе албански јазик во парламентот, или сте заборавиле. Немојте да се правите на тошо, бидете реални – возврати Николовски.