МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВЕЌЕ СОБРА 1000 ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНА КАНДИДАТУРА: БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ШТО НИ ДАДОА ПОДДРШКА, ВЕТУВАМ ДЕКА ЌЕ ЈА ОПРАВДАМЕ ДОВЕРБАТА И НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА КУМАНОВО

0
1103
“Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови заедно со носителката на независната советничка листа “За наше Куманово”, г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска симболично како илјадити потписници на граѓанската иницијатива за кандидатури на претстојните локални избори.
– Благодарност до сите граѓани кои дадоа поддршка на оваа иницијатива, ветувам дека ќе ја оправдаме добиената доверба, а воедно во периодот што следи ќе направиме се’ да се здобиеме со поддршката на сите граѓани на Куманово без разлика на партиска, етничка и верска припадност.
Куманово е град кој припаѓа на кумановчани, наша обврска е да продолжиме да го развиваме во модерна и урбана општина по европски урнек.
Собирањето на потписите продолжува до понеделник до 24ч.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КУМАНОВО, МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ