(ВИДЕО) Поплавените молат за помош, веќе го губат трпението

0
960

По, дождот сонце. По, поплавите солзи и молби за помош. Жителите на Ченто, Стајковци и Сингелиќ два дена по невремето боси и голи ја премеруваат трагедијата која ги снајде, пренесува Телма.pavle_161-670x368

Улицата 21 во с. Стајковци е целосно уништена. Водениот бран од обиколницата со најголема жестина удрил по нивните живеалишта.

Во домот на Петровска Благица може да се влезе само преку длабока вода. Така е и кај сите соседи.

Без струја, питка вода и приод до куќата, заглеавни во калта чекаат да им се помогне.

На петстотни метри од нив министиерот за труд и социјала, Диме Спасов и градските советници кроеа план како да се помага. Меѓу нив не беше скопскиот градоначланик

Како и одминува и вториот ден жителите велат дека го губат трпението. Им недостига храна, вода и сува облека. Одбиваат да ги напуштат домовите. Сакаат помош, а не совети.

Вода се испумпува од подрумите и ниските катови. Мал е бројот на машини кои успеваат да стасаат во секоја куќа и да испумпуваат вода, иако беше најавно дека ќе пристигнат пумпи и машини. Граѓаните самостојно и меѓусебено, солидаризирани си помагаат еден на друг.

Невремето остави белег оттаму од каде се прелеа водата. Скопската обиколница е на места оштетена. Асфалтот е откорнат или натуткан ,а возилата во кој се удавија неколку граѓани се расфрлани долж коловозните ленти и околните ниви.

Населните места, Ченто, Стајковци и с. Синѓелиќ со повеќе од 20.000 жители очекуваат општинските комсии што поскоро да дојдат во нивните домови и да ги премерат штетети, бидејќи стравуваат дека ако ги поместуваат или исфралаат оштетентие предмети, инвентар и бела техника државата нема да им ја признаее штетата.

Видео прилогот ОВДЕ