БОМБА ОД АПЕЛАЦИЈА : Судот ја укина затворската казна за Горан Грујевски

0
1417

Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Горан Грујевски во предметот „Тврдина2“ и го врати предметот на повторно судење. Екс началникот на Петтата управа на УБК, беше осуден на казна затвор од година и пол за уништување документи поврзани со незаконското прислушување. Апелација утврдила дека „не биле исполнети законските услови за судење во отсуство“.

Горан Грујевски и Никола Бошковски против кои СЈО покрена обвинение за незаконско прислушување во случаите „Тврдина“ и „Таргет“  избегаа од Македонија во јули минатата година. Иако за нив двајца беше одреден притвор, Апелација тогаш одлучи дека „ притворот ќе стапи во сила по правосилност на решението”, со што спроведувањето во притвор  го одложи до завршувањето на жалбената постапка пред Врховниот суд. Кога Врховниот суд ја потврди одлуката за притвор, Грујевски и Бошкоски повеќе не беа во земјава.

Врховниот суд во Атина, пред десетина дена го одби барањето за нивна екстрадиција во Македонија, со образложение дека биле помилувани од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.

Извор : ТВ Нова