ТРГОВЦИТЕ АЗДИСАЛЕ СО МАРЖАТА, ЗАМРСНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ОВОШЈЕТО И ЗЕЛЕНЧУКОТ ПРЕПОРАЧУВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

0
419

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даваат поддршка за замрзнување на цените кај овошјето и зеленчукот. Од таму велат дека замрзнувањето нема да ги погоди земјоделците, односно воопшто нема да влијае на откупните цени на земјоделците, бидејќи, појаснуваат, цените на овошјето и зеленчукот се зголемени затоа што трговците и откупувачите ја зголемиле маржата. Маржа претставува разлика помеѓу откупената цена и цената со која производот се продава на пазарот за широка потрошувачка

„Согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците“, велат од Министерството.

Од таму велат дека до Министерството за економија веќе доставиле анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук. Крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија.За појаснување МЗШВ ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство.