ЕКИПИ НА ЈКП „БРЕГАЛНИЦА“ ДЕНЕСКА ПОСТАВУВАА ВРЕЌИ СО ПЕСОК НА СВЛЕЧИШТАТА ШТО СЕ СОЗДАДОА ПО ПОГОЛЕМИТЕ ПОПЛАВИ ВО ДЕЛЧЕВО ВО НАСЕЛБАТА ТРЕТИ РЕОН

0
643

Ова е уште една активност која се реализираше со цел да се превенира понатамошно сливање на водата врз земјата и лизгање на земјиштето. При денешниот увид на теренот што го направивме заедно со директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојковски, ги информирав жителите дека стручни лица веќе прават проценки, како да се санираат свлечиштата и дека механизацијата на овие три критични точки може да работи по смирување на временските услови.

Овие свлечишта, се комплексни зафати и бараат истражни работи и стручни проекти од областа на геомеханиката.

Наредниот период, Општината ќе изработи проекти и ќе се пристапи кон решавање на ово сериозен проблем.

Невремето коешто го зафати Делчево предизвика сериозни штети на инфраструктурата. Точно една недела по катастрофалните поплави при што за повеќе од еден час наврнаа 65 л. м2, сите екипи на ЈКП „Брегалница, ТППЕ Делчево работеа на санација на штетите, чистење на наносите, каналите и сл. Екипите беа максимално ангажирани и сите максимално беа во служба на граѓаните и во заштита на имотот на граѓаните.