“Патриоти” , излезете на јавно соочување

0
1153

Ние, будалиот народ како што не нарекуваше нашиот градски татко дојдовме, и хилта му донесовме за да руши и на врат да ни гази, па го повикавме да дојде, му кажавме дека сме тука.

Градоначалникот вели сме навикнале на градењево! Јас би рекол на градењето се навикнавме, ама на крадењето не можеме да се навикнеме.

Нека ја земат таа нивна програма за арамилак во илјада чекори, нека ги пратат нивните локални ненародни претставници, па нека ја промовираат пред сите нас Прилепчани, нека не викнат да им покажеме од кој чекор колку народни пари украле и колку чекори назад не вратиле.

Проектот вистината за Македонија ни беше потврди дека во државава имаме класичен режим, со отпочнување на тој проект и Прилеп отпочна свој проект кој го нарековме Вистината за Прилеп!

Преку реализација на тој наш локален проект се потврди вистината!

Вистината дека во секој еден реализиран проект, ама буквално до еден има криминал од невидени размери, корумпираност, злоупотреби, перење пари, има газење на врат на малостопанствениците и елиминирање на неистомислениците.

Вистината дека онаму кај што не можеле да крадат, промовирале. Промовирале партиска пропаганда, лажен патриотизам и фиктивен напредок. Уште на реклама за тоалетна хартија не излегоа во катадневното информирање.

Вистината дека за сметка на несреќата на вистинските партиоти и нивните семејства подигнаа железа од близу 500 илјади евра на потполно криминален начин, за да презентираат сочувство и лажен патриотизам а на нивните семејства се сеќаваат еднаш во годината кога треба да се појават пред камерите. Вистината дека во Градот под марковите кули изградија масовна гробница од споменици вредни преку 600 илјади евра народни пари повторно на криминален начин.

Вистината дека Прилепски здруженија служат како параван за перење на нивните украдени народни пари! Вистината дека не поделија на партиоти и предавници, подобни и неподобни, вистината дека во администрацијата, јавните претпријатија и училиштата на овие подобните и неподобните им ги сменија улогите, вистината дека на оние кои ги вработиле не им помогнале ами ги уцениле со послушност. Вистината е дека ние сме тука а нема кој да ни одговори на нашите прозивки.

Вистината е дека дојде денот кога треба да одговараат. Порано слушав, дека кога човек нема што да изгуби, тогаш единствено што му останува е да се бори. Во изминатите десет години гледам луѓе кои секој ден се борат, се борат со сиромаштијата и со неправдата. Нашата борба е оваа и сега. Борба за демократија, за слободно изразување на својата мисла. Сите ние, заедно, имаме сила, имаме право да се залагаме за воспоставување на демократски правен поредок. Од оној моментот кога сите ние ќе почнемe да го користиме тоа наше право, ќе можеме да почнеме да го менуваме нашето општество.

Затоа не му се предавајте на стравот. Ако го направите тоа ќе ја изгубите врската со срцето. Затоа што онаму каде што Ви е срцето, таму Ви е богатството. Моето чука, за овој град, за оваа земја.

Адвокат Жарко Стеваноски