РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД И ИЛИНДЕН : БЛАГОДАРНОСТ ДО БУНДЕСТАГОТ, СЕГА Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ДИЈАЛОГОТ

0
577

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска Оливер Спасовски заедно со членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска беше меѓу граѓаните на општина Илинден.

– Германскиот парламент, Бундестагот, усвои Резолуција со која се потврдува македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската посебност во ЕУ. Имаме целосно заштитен и потврден македонски јазик и идентитет и преку процесот на преговори со ЕУ. Имаме сочна недвосмислена поддршка од сојузниците во ЕУ и од нашиот стратешки партнер САД. Сега е потребно да продолжиме со дијалогот и заедно со ДПМНЕ и со сите политички партии да ја обезбедиме европската иднина на државата, истакна Спасовски додавајќи дека ДПМНЕ нема никакво право да се фали со овој успех, затоа што нивни сестрински партии гласале против Резолуцијата.

Помеѓу граѓаните на Охрид, беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска каде зборуваа за придобивките од интеграциите во ЕУ.

– Нема сегмент каде придобивките од интеграцијата не носат придобивки. Конкретно, во земјоделството ние сме лидери во искористувањето на средствата од ИПАРД програмите што носат директна поддршка за македонското земјоделство. Започнуваме со програмата ИПАРД 3 со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, како директна поддршка. Тоа е една од многуте причини зошто треба да останеме на европскиот пат и дијалогот за реформите да продолжи, порача Николовски во Охрид.