ЛДП: Политичкиот пион Иванов да не си игра со интегритетот на пратениците

0
1084

Политичкиот пион, Ѓорге Иванов, од позиција на Претседател на Македонија, уште еднаш покажа и докаже дека со леснотија може да ги пречекори своите овластувања и да поставува услови за формирање на Влада од страна на опозицијата, велат од ЛДП.

„Само човек кој е вовлечен длабоко во шинелот на режимот и е слеп послушник на Никола Груевски, може да реди скандали како бисери, при тоа да нема ни грам човечност и совест.

Либерално-демократската партија пред два дена предупреди дека Иванов мора да се однесува еднакво за сите и на истиот оној начин на кој не побара од Груевски доказ дека има 61 пратеник за составување на Влада, така требаше да постапи и со новиот мандатар, Заев.

Но, Иванов крајно непринципиелно реши да практикува двојни аршини. Во исто време да си игра со интигритетот на пратениците од опозицијата и сите оние кои ќе учествуваат во формирањето на новата влада.

Во првиот момент кога ќе се формира Владата и ќе се стабилизираат институциите, како партиципиенти во новата власта ќе бараме импичмент за политичката фигура Иванов“, се нагласува во партиското соопштение.