УШТЕ ЕДНА МЕДУМСКО РЕЖИМСКА СПРЕГА РАЗОТКРИЕНА ОД ,,ПРИЗМА” : УЈП-Нетпрес е врската од која излегуваат доверливите лични податоци наменети за пропагандна употреба!?

0
988

Веб­порталот Нетпрес, за кој се подготвува колективна тужба за клевета и за нарушено право на тајност на податоци, објави имиња и лични примања на повеќе од 60 физички лица, во обид да ги претстави како странски платеници, бидејќи земале плати или хонорари од невладини организации, каде што, впрочем, најголемиот дел и се вработени.

Објавени се нивните имиња и презимиња, платата што им легнувала на сметката и хонорари – податоци кои се тајни, приватни и заштитени со закон. Единствената институција каде што на едно место доаѓаат годишните извештаи на фирмите е Управата за јавни приходи (УЈП), по што нужно се раѓа сомнежот дали од оваа државна институција протекуваат личните податоци за граѓаните, пишува Призма.

УЈП не може да тврди за веродостојноста на податоците, ниту пак за изворот на информации користени во објавите на веб порталот Нетпрес, земајќи предвид дека сопственици на вакви информации се и други носители“, стои во писмениот одговор од УЈП до Призма.

Според Призма, сомневањата дека изворот на личните податоци е од Управата за јавни приходи се потпираат на фактот оти фирмите и невладините организации, односно правните лица, пополнуваат годишен извештај со податоци за исплатите во текот на годината и го доставуваат до УЈП.

Народниот правобранител Иџет Мемети за Призма вели дека изнесувањето лични податоци е грубо прекршување на правата на граѓаните, и доколку се побара од него ќе преземе мерки. Горан Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, во изјава за Призма вели дека институцијата со која раководи исто така не може да преземе мерки, додека некој од граѓаните чии приходи се најдоа на веб­порталите и провладините телевизии, не го пријави случајот.

Граѓаните чии лични примања беа објавени на Нетпрес, а пренесени од други национални телевизии кои не ги провериле податоците, подготвуваат колективни тужби за клевета и за нарушено право на тајност на податоци.

Повеќе може да прочитате ОВДЕ