(ВИДЕО) Димитриевски : ВМРО ДПМНЕ и Мицковски се во режимска матрица

0
1179

Прес конференција на шефот на ОИШ на  ОО СДСМ Тетово, Илија Димитриевски.

Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за време на целата здравствена криза покажува дека оваа партија предводена од Христијан Мицкоски воопшто не е излезена од режимската матрица.

Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат самоволие, прекршување на мерките и забраните и злоупотреба на институциите во лични и партиски интереси.

На почетокот на кризата кога институциите со сериозен пристап се подготвуваа за новонастаната закана од Корона вирусот, Мицкоски се потсмејуваше со сериозноста на вирусот и изјавуваше дека СДСМ бара изговори за да нема предвремени избори.

Кога вирусот се рашири низ граѓаните, Мицкоски формулираше мерки за спас на економијата со решенија кои долгорочно задираа во џебот на граѓаните.

Во екот на Корона кризата, додека Мицкоски јавно глумеше загриженост и повикуваше граѓаните да седат дома, на снимките кои излегоа во јавност го видовме како влегува во затворен фитнес центар.

И наместо темелна и ефикасна истрага, Наќе Чулев го правдаше, и рече дека тоа била стара снимка а за ракавиците кои ги носеа припадниците на МВР кои го придружуваа Мицкоски, рече дека се „отсјај од светлината“.

Мицкоски продолжи со прекршување на мерките, демонстрирајќи ја културата на неказнивост на ВМРО ДПМНЕ, па беше забележан во затворен дел од ресторан кој според мерките за заштита не смее воопшто да работи.

Политичките калкулации на ВМРО ДПМНЕ и стравот од соочување со граѓаните на Избори одеа до таму што министерот за внатрешни работи Чулев јавно изјави дека нема да ги казнува граѓаните што не носат маски, односно дека нема да ги спроведува на терен мерките за заштита на граѓаните од Корона вирусот.

Лажни вести, деструкција, злоупотреби на институции и конструирани случаи. Тоа е се што нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Со таква понуда можат да се надеваат само на пораз од граѓаните. Граѓаните нема да дозволат враќање на режимот. Режим – никогаш повеќе!