СРЕДБА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СО ПОРАНЕШНИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ТОНИ БЛЕР ВО АТИНА: ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ПРЕПРЕКА ЗА НАЦИОНАЛИЗМОТ НА БАЛКАНОТ

0
792
Премиерот Зоран Заев, на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер. На средбата беше истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа. Беше истакнато дека Договорот од Преспа отвори врати за напредокот и стави препрека на новите национализми, а решенијата од договорот денес значат и економски потенцијали.

Сѐ е до квалитетот на владите, а на малите земји им требаат глобални погледи за квалитетни решенија, заклучија Блер и Заев.

Особен фокус во разговорот беше ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна КОВИД-19 пандемијата. Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.