ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СДСМ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИМ ГО ЧЕСТИТА РАМАЗАН БАЈРАМ НА ВЕРНИЦИТЕ ОД ИСЛАМСКА ВЕРОИСПОВЕД

0
799

Видео обраќање на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски

Почитувани граѓани, почитувани верници од исламска вероисповед,

Ви го честитам големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом, во вашите срца.

Во духот на празникот да ја шириме добрината, човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла.

Да се потсетуваме на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите,

Токму тоа се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме. Да го продолжиме заедничкиот пат, преку негување и унапредување на концептот едно општество за сите, концепт кој не обединува и кој води напред.

Ви посакувам добро здравје, благодет, радост и среќа.

Честит Рамазански Бајрам!