ГРУБИ : ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА СЕКАКВА ОДЛУКА ШТО БИ ОВОЗМОЖИЛА КОНСЕНЗУАЛНО ОДОБРУВАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

0
553
Како што соопшти Кабинетот на Груби, двајцата соговорници разговараа за политичката состојба во земјава, како и за евроинтегративниот процес и за продолжување на патот кон отворање на преговарачките поглавја.Груби истакна дека поважна е европската иднина на граѓаните и на нашата држава и дека сме подготвени за секаква одлука што би овозможила консензуално одобрување на уставните измени.

Дискусијата за важноста на реализацијата на проектите како Коридорот 8 и 10Д не само за земјата туку и за целиот регион ја натера целата Влада да се заложи за нивна брза и квалитетна реализација, веќе по одобрувањето на законски измени, се наведува во соопштението.Груби за време на средбата му се заблагодари на Мејер и за големата поддршка за нашата земја на европскиот пат, како и за продолжувањето на стратешкиот дијалог со САД.