КРИЗНА СОСТОЈБА ПРОГЛАСЕНА ВО ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ – ФАЛАТ ПРЕМНОГУ ЧУВАРИ, ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВОЈНИЦИ И ПОЛИЦАЈЦИ

0
528

Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправниот дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата, пишува во текстот на одлуката.

Од органите на државната управа се бара да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, а од главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.Центарот за управување со кризи (ЦУК) претходно денеска соопшти дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.