Во Албанија е најавена задолжителна вакцинација на студентите, професорите и сите вработени на универзитетите за да се спречи ескалација на ситуацијата со Ковид-19.
“Да не кажете после дека не ви реков, нема “сакам, не сакам”. За сите оние кои сакаат да бидат со другите, треба сите да знаат дека одговорност е ако некој не сака да се вакцинира, го загрозува животот на другиот. Невозможно е да си дозволиме да имаме непотребна ескалација на бројките и потоа да одиме на мерки што никогаш не треба да се вратат во Албанија” – рече премиерот Еди Рама при посетата на студентскиот град.
Тој најави дека ќе биде остварена интензивна комуникација со сите ректорати во врска со опасностите што ги носи делта варијантата и дека вакцинацијата и за студентите ќе биде задолжителна.