ЛДП: Иванов со вчерашниот говор ја подели нацијата

0
999

Со своето вчерашно обраќање, Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, повторно, како и многупати досега, наместо да ја обедини – ја подели нацијата. Особено загрижува што во својот говор Претседателот зборува за многубројни безбедносни закани кои постојано ја демнат земјата, однадвор и одвнатре, активности на паралелни мрежи, ризик од странски терористички борци, мобилизација на криминални структури. Покрај тоа, Иванов продолжува со заплашувањето дека се соочуваме со туѓа наметната игра што има за цел дестабилизација на Македонија. Наместо да делува преку институциите на системот и во согласност со надлежностите кои ги има како врховен командант, тој продолжи да создава дополнителни тензии, при тоа квалификувајќи ги граѓаните кои се незадоволни од владеењето на режимот  како „странски платеници“ кои не и мислат добро на државата!

Во еден момент Претседателот дури зборува дека ја разгледувал можност за употреба на АРМ за смирување на внатрешните состојби! Дали е свесен Претседателот дека со таквиот потег дефинитивно ќе ја поделеше и АРМ која е единствената институција која се уште има висока доврба кај граѓаните на Република Македонија. Припадниците на АРМ, и покрај тешката материјална состојба во која се наоѓаат (неисплаќањето на дневниците, ниските плати, партизираноста итн.) успешно одговараат на предизвиците со кои се соочува државата.

Улогата на Претседателот на државата како врховен командант е да ги презема сите неопходни активности со кои ќе обезбеди граѓаните да живеат во чувство  на сигурност. Во таа смисла, бараме Иванов да одговори кој „наметнува игра“ за дестабилизација на Македонија и со кое право „влегол во наметната игра“?

Оттука, Либерално демократската партија смета дека е неопходно и го повикува господинот Ѓорге Иванов, под итно да си поднесе оставка на функцијата Претседател на Република Македонија, со што ќе се спречи со неговите непромислени постапки дополнително да ја влошува и онака тензичната состојба во земјата.