КУЗЕВСКА : 55.000 ЕВРА МЕСЕЧНО ГРАЃАНИТЕ ГИ ЧИНАТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА НЕРАБОТЕЊЕ, ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ И ПЛАТИТЕ

0
617
Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Над 55.000 евра месечно ги чинат граѓаните неработењето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Само за основни плати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја плаќаат 40.000 евра месечно.

Дополнителни 15.000 евра добиваат за патни трошоци. Исто така врз грбот на граѓаните.

Тоа се над 55.000 евра месечно народни пари кои ги добиваат пратениците на ВМРО-ДМНЕ од граѓаните.

Наместо да ги заработат тие блокираат и прават штета на оние што ги плаќаат, на граѓаните.

Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии  кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните.

Наместо блокади на Собранието во време не светска економска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат парите за плати, дневници, патни трошоци и мобилни телефони.

Над 55.000 евра месечно, во време на криза, се сериозни средства со кои може да им се помогне на илјадници семејства.

Пратениците во Собрание се избрани од народот, за да носат законски решенија во интерес на граѓаните и државата.

Граѓаните не ја дале довербата за пратениците да блокираат, да ја опструираат работата на Собранието и да не си ја работат работата.

Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е најдеструктивната пратеничка група која работи на штета на граѓаните и државата, кој по налог на Никола Груевски го спроведува Мицкоски.

Но и ова нивно деструктивно постапување ќе биде поразено како впрочем и претходните.

СДСМ заедно со парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на овие блокади и ќе најде начин, согласно сите законски и деловнички можности, да ги донесе законите кои се од интерес на граѓаните.