ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО : ГЛУТНИЦА НА УЛИЧНИ КУЧИЊА БЕЗ ЖОЛТИ ОБЕТКИ КАКО ОЗНАКА ЗА КАСТРАЦИЈА ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БУКВАЛНО РАСТРГНАА ДОМАШЕН МИЛЕНИК СО ПОВОДНИК, ГРАЃАНИТЕ СЕ ЖАЛАТ, ВЕЛАТ ЖИВЕЕМЕ ВО СТРАВ, СЕ ЧЕКА ОДГОВОР ЗА УТВРДУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ОД ,,ЛАЈКА”!

0
902

Глутница од кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник. Од вознемирувачката снимка која ја доби „Макфакс“ се гледа како сопственикот на миленикот беспомошно се обидува да го спаси неговото куче од глутницата, додека тие го распарчуваат. Се обидува со повлекување на поводникот, но не успева. Се обидува со викање да ги растера, но исто така не успева.

„Му го изедоа кучето на човекот“, „Ексик веќе“, се слуша на снимката.

Жителка на Аеродром со која контактираше „Макфакс“ посочува дека глутниците од бездомни кучиња предизвикуваат страв кај нив. Таа додава: „Се шетаме со страв, имаме и деца…“

„Имаме голем проблем со глутници кучиња, и секојдневно има по некое случување. Денес беше извршен напад кон домашен миленик“, посочува таа.

Грижата за бездомните кучиња во Скопје е должност на јавното претпријатие „Лајка“. Според информациите на жителката на Аеродром, овие кучиња немале жолти обетки, кои треба да означуваат дека се кастрирани.

„Макфакс“ испрати прашања до „Лајка“ за тоа, чија е одговорноста во случај за нападот на домашниот миленик, но и чија ќе биде одговорноста ако повреден биде било човек или дете. Дополнително, побаравме информација колку кучиња се заловени и кастрирани од Аеродром, а од почетокот на оваа година. На овие прашања, очекуваме одоговор од претпријатието и директорката Радмила Пешева.

На фејсбук профилот од „Лајка“, не можевме да ги најдеме. Единствено што е објавено се кучиња за вдомување, барања за донации, информации за донирани средства, искуства од вдомувачи. Последната објава со повик за пријава на кучиња за стерлизација е на 1 февруари.