ГРУЕВЦИ ПОЧНАА ДА БЕГААТ, ПОЛИЦИЈАТА НЕМОЖЕ ДА ГО НАЈДЕ ГОРАН ГРУЈОВСКИ, ТОЈ Е ОФИЦИЈАЛНО ВО БЕГСТВО!!!

0
2581

Од приведувањето на Грујовски за случајот „Тврдина“ на 20 јули, 2016 во истражна постапка

Вечерва, по добивање на налогот од Апелациониот суд за притворање на ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски полицијата пред малку влегла во неговиот дом, но Грујовски не го нашла дома.

Се претпоставува дека Грујовски е во државата, бидејќи патните исправи му се одземени.

Според сознанијата на САКАМДАКАЖАМ.МК, нема информација дека откако му беше изречена мерка притвор од Апелација на 18 јули, па наваму, тој немал обид со лична карта да ја напушти државата.

На жалбената постапка во Апелациониот суд минатата недела, Грујовски го застапуваа неговите адвокати, кои рекоа дека од здравствени причини, зголемен крвен притисок, тој не бил во состојба да дојде.

Никола Бошковски, вработен во УБК, за кого, исто така, полицијата има налог да го спроведе во притвор, бил најден дома и уште вечерва ќе биде однесен во Шутка.

Врховниот суд попладнево соопшти дека петчлениот казнен совет на Врховниот суд на Република Македонија донесе решенија со кои се одбиени жалбите на бранителите на Горан Грујовски и Никола Бошковски и ги потврди решенијата на Апелациониот суд Скопје за определување на мерка притвор во траење од 30 дена

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало, за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права. Тоа се предметите на Специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои сега се споени во еден предмет.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

Извор : СакамДаКажам