Се разгледува можноста за лекување со крвна плазма, но оваа терапија не помага секому

0
1315

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Протоколот за лекување со крвна плазма од ковалесценти е направен, а оваа недела за ова е дискутирано во стручните комисии и на Медицинскиот факултет, но сепак тоа е тип на терапија која не може секому да помогне, особено имајќи ја предвид непредвидливоста на болеста во потешките случаи.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали секој што се излекувал од COVID-19 може да дарува крна плазна за лекување или има одредени правила.

-Крвна плазна заради антитела не може да даде кој било, треба да е во соодветна фаза, тие се пациенти кои се ковалесцентни, затоа што т.н. рековалесценти се целосно излекувани и тука нема ефект. Тоа не е тип на терапија, која може да помогне секаде, тешката форма на болеста е навистина тешка и ги напаѓа сите системи, рече Филипче и посочи дека има индикација кога точно се дава оваа терапија.

Во врска со учеството на земјава во програмата на СЗО Солидарност за најефикасен третман во лекувањето на заболени од COVID-19, нагласи дека ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација.

– Ние сме примени во студијата и сега сме во подготвителна фаза на размена на документација и треба да се види која од четири тераписки опции е практично со најдобар ефект. Предност е кога една држава е дел од некоја студија веднаш се стигнува до терпаевтските протоколи и не е проблем количината на лекови, рече Филипче.

Во врска со можноста да се промени формата на тестирањето, Филипче рече дека во моментов земајќи ја предвид епидемилошката слика и целокупната состоба во земјата, потребно е спроведување на стратегијата која подразбира дијагностика само на  пациенти кои имаат симптоми и изолација на нивните контакти. Во некој подоцен момент можеби ќе мора да се прави скрининг на имунитетот на населението, но, како што рече министерот, не во овој момент.

Додаде дека и во овој момент идентификување на лицата кои ги почитуваат правилата на ограничување на движењето нема да даде никаков ефект.

Министерот наведе дека публикациите покажуваат дека смртноста кај пациентите кои се поставени на респираторна машина, како последица од коронавирусот, е околу 98 проценти, наведувајќи дека смртноста во земјава, од околу четири проценти е во просечната светска рамка.

На новинарското прашање во однос на смртноста, земајќи во предвид дека во соседните земји е значително помала, и дали се штитат болничките капацитетите и пациентите се оставаат на домашно лекување, Филипче нагласи дека болничките капацитети се подготвени и за третман на најтешките форми на болеста.

– Болничките капацитети се подготвени, тие не се ни преполнети, подготвени се и за третман на најтешки форми на болеста. Смртноста е некаде во светските рамки, околу четири проценти во нашата земја и во неколку наврати досега коментиравме дека станува збор за болест којашто во онаа најтешка форма, кога се пацинетите на респираторна машина, публикациите укажуваат дека смртноста е околу 98 проценти значи тоа е вирус, болест, којашто ги напаѓа сите органи. Во онаа најтешка манифестација на болеста и покрај сите преземени мерки за жал за пацинетите не може да се направи ништо, истакна министерот за здравство.

Околу тоа дека во медиумите пристигнуваат реакции оти на Онкологија во скопската клиника нема лекови и се чека повеќе часови за третман, односно за тоа како се третираат лицата кои имаат други заболувања, а не корона вирус, Филипче нагласи дека апсолутно одговорно тврди оти нема никакво одлагање или чекање во однос на пацинетите кои треба итно да се третираат.

– Освен хроничните интервенции кои можат да се одложат без компликација на здравствената состојба, согласно мислењето на стручниот колегиум, сето друго се одвива нормално. Ова секако дека е под максимална контрола и во рамките на координацијата којашто ние секојдневно ја имаме со директорите на клиниките. Претпоставувам дека за дел од услугите за кои сега во овој момент нешто повеќе се чека е евентуално заради евалуација дали станува збор за пациенти коишто се позитивни на корона вирусот или не. Апсолутно одговорно тврдам дека нема никакво одлагање или чекање во однос на пацинетите кои треба итно да се третираат, истакна министерот.

На прашањето дали ќе биде затворен одделот за гинекологија во кумановската болница, Филипче одоговори дека во периодот којшто претстои болницата ќе биде целосно функционална.

– Денеска во кумановската болница на увид и разговор со директорката и шефовите на сите одделенија беа државниот секретар во Министерството за здравство и претседателот на Комисијата за заразни болести со цел да се организира работата во оној дел кадешто имаме дијагностицирани нови лица, вработени во болницата, а коишто биле во самоизолација досега заради контакт со претходно дијагностицираните од болницата. Во таа смисла направен е целосен распоред во болницата во Куманово и во периодот којшто претстои ќе биде целосно функционална. Доколку се наметне потреба од растеретување на болницата заради поголем број на пацинети тие ќе бидат упатувани во институциите во Скопје, рече Филипче.

Околу тоа, дали се знаат сите контакти на фризерот од Кочани што почина пред неколку дена како последица од COVID-19, министерот нагласи оти верува дека интервјуата ги дале податоците.

– Доколку некој се сомнева дека е дел од некаков ланец на можен пренос на болеста може во кое било време да го алармира Центарот за јавно здравје, посочи Филипче.