ВО ХРВАТСКА СЕ СЛУЧИ ХОРОР ПРИКАЗНА СО СРЕЌЕН КРАЈ – ПЛАНИНАР ПРИ ПАД ОД ВРВ ОД 150 МЕТРИ СКРШИ НОЗЕ А ПОТОА КУЧЕТО ШТО СЕ ЛИЗНАЛО СО НЕГО ГО ГРЕЕЛО НЕГОВОТО ТЕЛО ОД ПРЕМРЗНУВАЊЕ ЦЕЛИ 13 ЧАСА!

0
894

Хрватската горска служба за спасување изведе исклучително тешка акција за спасување на планинар кој паднал 150 метри од врвот Велебит и се здобил со скршеници на нозете.

Акцијата траела цели 13 часа, и учествувале 27 спасувачи од цела Хрватска. Имајќи ги предвид минусните температури, неподвижноста на планинарот, непристапноста на теренот, оваа акција можеше да заврши несреќно.

Но благодарејќи на кучето, кое се лизнало со сопственикот, во спасувањето на планинарот голема улога одиграло и тоа. Имено, цели 13 часа, склопчено врз неговото тело, го греел и го штител од премрзнатини.

Кучето не се одвојувало дури и кога пристигнале спасувачите, кои имале технички и физички исклучително тешка акција поради снегот, мразот, одроните и скршените стебла.