Викендов, Прилеп беше дел од најголемиот светски настан за женското здравје Race for the Cure

0
1176

Овој настан им помага на организациите за рак на дојка во Европа, да обезбедат средства и да ја подигнат јавната свест за оваа болест.

Од причина што на годишно ниво, бројката на починати од рак на дојка во Европа изнесува 130.000, а во нашата земја повеќе од 400, средствата кои ќе бидат собрани се од клучно значење.

Општина Прилеп и јас како градоначалник, без никаква дилема ја прифативме поканата на Здружението „Борка“ да бидеме дел од 14-те градови во нашата земја, кои се вклучуваат во најголемата манифестација од хуманитарен карактер која годинава се одржува во Европа.

Со денешната „Розова прошетка“, излечените од ракот на дојка го слават животот, а учесниците им ја даваат поддршката на своите најблиски и истовремено се сеќаваат на оние што веќе не се со нас, заради најчестиот вид на рак кај жените.