(ВИДЕО) Обраќање на Зоран Заев по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на бошњаците

0
989

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вечерва во село Оризари, Велес, присуствуваше и се обрати на свечениот настан по повод одбележувањето на Денот на Бошњаците – 28 Септември.

Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:

„Ми претставува особена чест да бидам со вас и да присуствувам на овој настан, во пресрет на утрешниот Ден на Бошњаците – 28 Септември.

Дозволете ми од мое лично име, и од име на Владата да ви упатам искрени честитки по повод празникот и да ви посакам добро и празнично расположение. Да ви посакам многу здравје, успех, благосостојба и просперитет.