ЌЕ МОРА ДА ГО КРШИМЕ УСТАВОТ ЗА ДА ИМ УГОДИМЕ НА ПОСРАНИТЕ ОД СТРАВ ВМРОВЦИ: Вонредната состојба завршува за 3 дена, ќе се бара друг начин за одложување на изборите?

0
792

Три дена пред истекувањето на третата одлука на претседателот Стево Пендаровски, во владејачкиот табор преовладува ставот да не се бара ново продолжување на вонредната состојба.

Според информации на „360 степени“, голема е веројатноста вонредната состојба, која почна на 18 март, да заврши на 30 мај, така што Владата во наредните неколку дена ќе ги донесе сите неопходни уредби за наредниот период.

„Што се однесува, пак до изборите, неофицијалните најави се дека, ако има потреба, ќе се бара друг начин за нивно пролонгирање по 21 јуни – како термин кога би требало да се гласа согласно со владината Уредба за изборните дејствија, доколку в сабота вонредната состојба не биде продолжена за нови 14 дена“, објави „360 степени“.