Гугл мапс ќе покажува каде има најмногу заразени со ковид-19

0
1778

Гугл ќе ја ажурира апликацијата Гугл мапс со што ќе можеме да видиме во кои области има најмногу заразени од корона вирусот.

Функцијата на Гугл мапс стигна денеска, а наскоро треба да биде достапна во 220 земји ширум светот. Податоците ќе бидат прикажувани како црвени точки, а што е поцрвено, тоа повеќе заразени има на 100.000 жители.

Некаде, податоците ќе бидат толку прецизни што ќе може да видиме и колку заразени има во одредени делови од градот, но тоа зависи од тоа колку податоци ќе прибере Гугл за некоја територија.