Индексот на активна транспарентност на општина Гази Баба во послендите 3 години се искачи за 8 места

0
701

Индексот на активна транспарентност на општина Гази Баба во послендите 3 години се искачил за 8 места. Односно ако во 2017 година индексот на транспарентност изнесувал 63,6% односно била на 20 место, во нивото на добра транспарентност, во 2020 година, се искачуваме дури во нивото – многу добра, на 12 место со 84,1%.

Според истражувањето, значи дека довербата на граѓаните кај општина Гази Баба расте се повеќе.

Во 2018 година, податоците зборуваат дека индексот на транспарентност на општината изнесува  62,1%, а во 2019 е 71,9%.

Како што пишува во образложението, под “активна транспарентност” се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Наспроти тоа, во случаите кога до институцијата се доставува барање за одредена информација, станува збор за ’реактивна транспарентност‘.

Потребата од проактивното објавување информации произлегува оттаму што на
тој начин се обелоденуваат: информации за регулативата и за одлуките на властите, со што се остварува правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството, информации коишто им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од властите,  информации коишто им се неопходни на граѓаните за да можат да учествуваат во процесот на донесувањето одлуки и информации коишто им се потребни на граѓаните за да можат да
пристапуваат кон услугите што ги нудат јавните институции.

Доброволно објавените информации им помагаат на граѓанските организации и
на истражувачките новинари да изработуваат и да објавуваат истражувања кои
им помагаат на граѓаните подобро да го разберат функционирањето на
институциите, нивните права и обврски, начинот на којшто можат да влијаат врз
донесувањето на одлуките кои се рефлектираат врз нивното секојдневно
живеење и работење, како и полесно да им пристапат на услугите што им ги нуди
државата

Истражувањето е спроведено од страна на Институтот за граѓански комуникации.