ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ИМ ДОНИРАШЕ СИЈАЛИЦИ И ГРАДЕЖНА МАШИНА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГОЛО БРДО

0
469

Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од месноста Голо Брдо од Албанија. Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, премиерот донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви, со Владата.

-Денеска уште еднаш ја покажавме нашата континуираната поддршка на потребите на нашинците од Голо Брдо, во рамки на севкупната поддршка која што Владата на Република Северна Македонија ја дава во сите области на нашите Македонци кој живеат во Албанија, меѓу тоа и во другите држави, а нема држава во која нема Македонци и денес зборуваме за конкретна помош која што ја обезбедивме токму за нашите Македонци кој што живеат во Голо Брдо.

Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде. Денеска со донација на градежна машина и сијалици за улично осветлување одговараме на уште едно барање на нашите Македонци, и го исполнуваме нашиот заеднички договор, рече Ковачевски.

Тој додаде дека се работи и на тоа граничниот премин Требиште-Џепиште кој што е од исклучителна важност за македонското население во регионот од Голо Брдо да почне да функционира 24 часа.