ЗАЕВ СО ПОРАКА ДО АНТИВАКСЕРИТЕ : ПРАВОТО НА ПРОТЕСТ Е УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО, НО ИСТО ТАКА И ПРАВОТО НА ЗДРАВЈЕ

0
737

Премиерот Зоран Заев на прес конференција објави дека Владата почнува со кампања со порака „Вакцинирај се“ чија цел ќе биде што поголем број на граѓани да ја примат вакцината против Ковид-19.

Исто така кампањата ќе има за цел да го сврти вниманието на граѓаните да бидат внимателни и да не подлегнуваат на неточни и непроверени вести.

Масовната имунизација е во суштината на новите мерки. Ја лансираме кампањата за да ги видиме насмевките под маските и да почувствуваме топлите прегратки кои на сите ни недостигаат. За безгрижно детство во училишните клупи, рече Заев.

Тој испрати порака и до антиваксерите и кои веќе два пати протестираат против мерките на Владата и порача „Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво право е и правото на здравје“.

Тој рече дека бројките покажуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека најголем број од смртните случаи и хоспитализациите се меѓу невакцинираните.

Досега во земјава се аплицирани над 1 милион вакцини.