ПО ПЕТ ГОДИНИ ВМРО-ДПМНЕ ГО ВРАЌА СТАВРЕСКИ ВО НОВО ПАРТИСКО ТЕЛО: ЌЕ ГО СЛЕДИ РАСФРЛАЊЕТО СО ЧОКОЛАДИ НА ВМРОВСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

0
1228

Зоран Ставрески, екс министер за финансии во владите на Никола Груевски, и Оливер Шамбевски, екс портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат дел од партиското работно тело за надгледување на работењето на новите градоначалници.

Во последните пет години, Зоран Ставрески воопшто не беше присутен на политичката сцена ниту пак во јавниот живот, откако во летото 2016-та година поднесе оставки од позициите министер за финансии и вицепремиер во Владата што ја предводеше Емил Димитриев.

Со работното тело ќе претседава партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој постојано е на терен во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ доби свои градоначалници.