ДАРКО КАЕВСКИ ЗА АЛСАТ : МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ОД 18.000 ДЕНАРИ Е УСПЕХ НА ВЛАДАТА, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ПРОТИВЕШЕ НА СЕКОЕ ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

0
804

Успех на Владата е зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, тоа беше во програмата на СДСМ на предвремените парламентарни избори, тоа беше преточено и во владината програма, тоа го ветивме и го остваруваме, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.

Каевски нагласи дека партиски став на ВМРО-ДПМНЕ е дека покачувањето на минималната плата не е потребно, тој став го имаше и која Владата предводена од СДСМ ја покачи платата од 9.000 на 15.000, но и сега кога се зголемува на 18.000 денари.

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ прави се, за да направи дефокус на јавноста од нереализацијата на проектите од страна на нивните градоначалници, што претставува враќање назад на квалитетот на животот на граѓаните.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо, единствено нешто што направија, еве ќе ја земам како пример градоначалничката на Град Скопје се неколку нивелирани шахти и тоа го смета за, не знам, каков успех, а во меѓувреме го прекина проектот Бас Рапид транзит, се прекина изградбата на двата нови моста се прекинаа други капитални инвестиции и сето тоа на штета на граѓаните, нагласи Каевски.

Тој истакна дека со Владата на СДСМ државата оди во позитивен правец, а напредокот го потврдуваат сите релевантни институции.

Државата денеска, според извештајот на Економист е демократија со недостатоци, а во време на ВМРО-ДПМНЕ беше заробена држава и тоа се покажува во начинот на делување, функционирање и практикување на демократијата, нагласи Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во емисијата „На прав пат“ на Алсат телевизија.