(ВИДЕО) ШОКАНТНО : НА ДЕНЕШНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ТЕТОВО ПРОТЕСТАНТ ТРГНА ДА УДРИ ПОЛИЦАЕЦ СО ЦИГЛА

0
1155

Иако беше најавен како мирен протест на кој тетовци бараа правда и одговорност за жртвите во пожарот во модуларната болница, сепак, на крајот работите излегоа од контрола и демонстрантите се судрија со полицајците.

Вечерва на социјалните мрежи се појави ново видео од инцидентите, а од снимката се гледа како еден човек се обидува да нападне полициски службеник. Тој во рака држи бетонска цигла, а во повеќе наврати замавнува со циглата кон главата на еден од полицајците.

Протестот започна во центарот на градот Тетово, а демонстрантите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа со јајца. Потоа, демонстрантите се упатија и кон седиштето на ДУИ, но полициските кордони во Мала Речица не дозволија тие да стигнат пред седиштето на партијата, каде што ситуацијата беше тензична.

Од партијата на Али Ахмети, пак, обвинуваат дека протестот бил организиран од опозицијата и повикаа тие да не си играат со чувствата на граѓаните.

СВР-Тетово соопшти дека за време на протестот биле повредени неколку полицајци, а приведени се двајца демонстранти.