НИКОЛЧЕ МИСКОСКИ ГО ПРЕТСТАВИ ПОБЕДНИЧКИОТ ТИМ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0
1652
Ова е тимот кој го има потенцијалот да ја донесе победата во општина Кривогаштани, тим кој има балансирано знаење и искуство во повеќе општествени области.
Ние ја гледаме нашата општина Кривогаштани како развиено и урбано место за живеење, место пријатно за сите возрасти, економски просперитетно, мирно и безбедно, со високи стандарди за животната средина и хигиената.

На 17-ти октомври општина Кривогаштани ќе има лесна задача, а тоа е да избере Градоначалник и Советничка листа кои се очигледно најдобрата понуда за општината. Тоа се луѓе кои докажале како се сака општината и кои се грижат за своите сожители.

Ви ја претставуваме нашата предложена советничка листа, која заедно со Николче Мискоски – Кандидат за Градоначалник на Општина Кривогаштани ќе донесе нови проекти, нови идеи и нова визија за Кривогаштани која ќе Ви биде претставена во текот на нашата кампања!

Овој победнички тим ќе ги вложи сите свои капацитети Кривогаштани да биде отворена, транспарентна и општина која ќе биде достапна за сите нејзини жители

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на општина Кривогаштани, Николче Мискоски.