ОТВОРЕН КАБИНЕТ НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ НА 20 ЈУЛИ ВО СВР БИТОЛА

0
469

По СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Кавадарци, СВР Тетово, Камп за обука Лазарополе, како и Центарот за обука во Идризово, ОТВОРЕНИОТ КАБИНЕТ на министерот Оливер Спасовски, проект на МВР кој со неделна динамика започна со реализација на почетокот на овој месец, на 20 јули, во четврток, ќе биде позициониран во СВР Битола.

Граѓаните од подрачјето на СВР Битола, преку претходно закажан термин, се добредојдени во просториите на СВР Битола да ги презентираат своите идеи за подобрување на безбедноста во заедницата, да упатат прашање до министерот, да го претстават својот предлог за подобрување на работењето на полицијата, да бидат дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста, која нѐ засега сите нас.