НА ОВИЕ НИШТО НЕ ИМ Е СВЕТО : ОТКАКО НЕ ИМ УСПЕАА СО ПРОВОКАТОРИ ДА ЈА УНИШТАТ ПРОСЛАВАТА НА МЕЧКИН КАМЕН, ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ НА ЧЕЛО СО АЦО НИКОЛОВСКИ ОТКАКО ГИ ИСВИРКАА ПРИСУТНИТЕ НАЛУТЕНО СИ ЗАМИНА ДОМА

0
1025

Делегацијата на ВМРО си замина од Мечкин Камен оти влата не ги пуштила нивните членови кои имаа намера да свиркаат и навредуваат и да прават инциденти и со тоа да ја спречат прославата на Мечкин Камен.

Во партиското соопштение, вмровците велат:

Очајната власт не го пушти народот што не е за СДСМ да присуствува на Мечкин Камен, бегаат и се плашат, затоа ние ја напуштаме партиската манифестација организирана од власта, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на прославата на Мечкин Камен во Крушево.

-Исто така би сакал да се осврнам на уште една тема, гледате ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Кои што од рано утрото од пет часот ги носат со автобуси со наредба да ја расипат манифестацијата и на сите кои што не се членови на СДСМ вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација.

Всушност и на одредени луѓе кои што беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука, не знам од што се плашат, веројатно се плашат од народот, а гледаат веројатно и сфаќаат дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој што доаѓа со чесна мисла, а не под политичка наредба, реагираше Николоски.

Тој кажа дека поради ова ќе го напуштат Мечкин Камен и нема да присуствуваат на обраќањето на премиерот. – Очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме, рече Николоски.

Ова не е прв пат ВМРОВЦИТЕ да прават инциденти на Мечкин Камен, тие постојано го користат настанот за раздор и сеење омраза и присвојување на патриотизмот само за свои политички потреби, пред 30 години тие го полија со вода претседателот Киро Глигоров за што лежеше затвор една радикална вмровка која го нападна Глигоров затоа што ја внел земјата во ООН со привремена референца.