АЛКАРАС ГО ПОБЕДИ ЃОКОВИЌ И ПРВПАТ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН

0
536

Младиот Шпанец Карлос Алкарас првпат го освои Вимблдон во својата кариера и го спречи Новак Ѓоковиќ во достигнувањето на нови рекорди. Светскиот рекет број еден славеше со 1:6, 7:6, 6:1, 3:6, 6:4 во денешното спектакуларно финале, кое траеше помалку од пет часа и ја освои својата втора гренд слем титула, по Отвореното првенство на САД минатата година.

Дваесетгодишниот Алкарас покажа дека ќе биде тврд орев откако го освои вториот сет во тај-брејк, а потоа во третиот издржа гем кој траеше неверојатни 26 минути, пред да направи брејк и да поведе со 2:1 во сетови.

Доколку победеше денеска, Ѓоковиќ ќе го израмнеше рекордот на Роже Федерер од осум титули на Вимблдон и ќе станеше вториот играч во историјата на тенисот, по Маргарет Корт, со 24 гренд слем трофеи.