АКТЕРКАТА ЛИДИЈА ВУКИЧЕВИЌ ВО ХИТ КОМЕДИЈАТА ,,ОБВИНИТЕЛКА”

0
657
Хит комедијата ,,Обвинителка” веќе ги одбројува своите денови до премиерната изведба. Автор на оваа комедија која ветува многу е познатиот Огнен Неделковски, додека режијата е на Сашо Ристовски.

Главна улога, односно улогата на онвинителката ја игра легендарната српска актерка која е позната на македонската публика по сериите ,,Бољи живот” , ,,Жикина династија”, а тоа е актерската дива Лидија Вукиќевиќ. Покрај неа на сцена играат македонските актери Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.

Костимиграфијата ја потпишува Елена Лука, сценографијата е на Крсто Богојевски, додека музиката е на талентираниот музички автор Мишел Трајковски.
,,Обвинителка” ја третира денешната состојба во општеството. Одговара на низа прашања, како е да си обвинителка, како е да си вработен во обвинителство, како се бараат начини за спас од обвинение, љубов, ризик, бегство…

Низ многу комични ситуации публика ќе ужива во брилијатната актерска енергија.
Овој театарски проект е поддржан од Министерството за култура, Почесниот козулат на Србија во Охрид, Центар за култура- Штип, компаниите Елена Лука и Тикен холдинг.

Оваа претстава е резултат на меѓународна соработкс со Србија. Премиерата е закажана на 29.03.2023 во Театар Штип, а потоа следуваат изведби во Куманово, Охрид и Битола.