Шилегов од големата трибина на СДСМ: Нема да дозволиме нашиот град, нашата држава да се врати назад и да падне во црнила

0
1076

Дозволете од овде да им порачам на мрачните сили кои при очи се правата слепи, при уши се прават глуви дека нема да дозволиме нашиот град, нашата држава да ја вратите назад во вашите црнила, порача градоначалникот на Скопје и член на ИО на СДСМ Петре Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

Скопје не го даваме, Скопје продолжува понатаму, затоа што само заедно можеме да успееме заедно за Скопје, за Македонија, заедно за сите нас, нагласи Шилегов.

Работевме посветено и неуморно. Работевме поинаку. За две години успеавме да сработивме колку што некои не успеаја ни за два мандати. Излеговме на прав пат и се гордееме со тоа. Градот убав сега е една успешна приказна и светол пример во регионот, истакна Шилегов на трибината под мотото „На прав пат“ во Скопје.

Над 10.000 илјади граѓани присуствуваат на денешната голема граѓанска трибина на СДСМ во Скопје. Следуваат обраќањата на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и на претседателот на партијата, Зоран Заев.