ЖЕСТОК настап на Мисовски во Собранието, по што Трајко ја прекина седницата: Формирањето на контра-анкетната комисија е само обид за прикривање на вистинските фалсификатори на лични карти!

0
1168

По жестоката дебата на пратеникот од НСДП, Горан Мисовски во која ги разобличи мотивите за формирање на „Анкетна комисија за скандалот со Фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието Трајко Вељановски со пазуа ја прекина расправата по оваа точка, на која требаше да се изврши избор на претседател, потпретседател и членови на оваа нова анкетна комисија.

Мисовски рече дека формирањето на оваа контра-комисија е само обид на владејачката партија да ги прикрие вистинските фалсификатори на лични карти и нивната злоуботреба во изборните процеси.

„Наместо владејачката партија и нејзините пратеници да овозможат за криминалот и фалсификувањето јавно да се зборува во анакетната комисија која се формира како дел од преземените обврски од договорот од Пржино, тие бегајќи од реланоста се обидуваат уште еднаш да приредат забава за членството кое треба да се сочи со оствката од премиерската позиција на својот лидер“, рече Мисовски.

Според него, она од што најмногу се плаши раководството на ДПМНЕ е тоа дека повлекувањето на Грувески ќе значи и велепредавство на членството.

„Груевски изјави дека неговото повлекување ќе значи велепредавство, па затоа сега од петни жили се обидувате да создавате театар, забава со контра-анкетна комисија, со единтвена цел да се фрли прашина во очите на челнството на кое ќе треба да му објасните зошто лидерот, спортивно од неговите најави, ќе си поднесе оставка од премиерската функција“, им се обрати Мисовски на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.